Еден од најпознатите наши фудбалери, Горан Пандев, одлучил да се повлече од фудбалот по Европското првенство. Натпреварите ќе се играат од 12 јуни до 12 јули, а Северна Македонија учевствува за прв пат.
-Во 2021 година ќе наполнам 38 години и верувам дека ова е последна сезона во мојата кариера. Но, прво, треба да обезбедам престој во Џенова, а потоа да го исполна сонот и со Македонија да играм во Европското првенство. Потоа ќе се повлечам, рече Пандев.
Во својата кариера Пандев играше за Лацио, Ла Специја, Анкона, Интер, Наполи, Галатасарај. Со Интер ги освои Серија А, Лигата на шампионите и Купот на Италија во 2010 година.
]]>


