Пандев поради патните рестрикции поврзани со коронавирусот не беше во можност да допатува од Италија и лично да ја прими наградата во традиционалниот избор на Агенцијата за млади и спорт, спортските федерации и новинарите, обраќајќи се преку видео врска од Џенова.
– Жал ми е што не можам да присуствувам на оваа прекрасна вечер. Голема благодарност за наградата, која е заслуга на сите во репрезентацијата, а за мене ќе биде поттик да продолжам да го носам репрезентативниот дрес, што за мене е светост“, порача Пандев.
Играчот за врска на Џенова вечерва стана само третиот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал, на кого му е врачена наградата спортист на годината, по легендарниот голман на Вардар, Драган Мутибариќ, во 1974 година, и македонската репрезентативка Наташа Андонова во 2014 година.
МИА
]]>


