Пентагон: Во нападите во Кабул загинаа 13 американски војници

Во вчерашните два самоубиствени напада врз влезовите на кабулскиот аеродром загинаа 13 американски војници, а 18 се повредени, соопшти Пентагон.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека САД ќе ги фати одговорните за двата самоубиствени напади и ќе платат за тоа.

Тој во обраќањето до нацијата истакна дека од Пентагон побарал да подготви план за одговор за нападите на исламските милитанти.

– Нема да простиме, нема да заборавиме. Ќе ве фатиме и ќе ве натераме да платите, истакна Бајден. 

Министерството за здравство на Авганистан соопшти дека бројот на загинатите во експлозиите во Кабул се зголемил на 90, а најмалку 150 луѓе се повредени. Одговорноста за нападите ја презеде т.н. Исламска држава (ИСИЛ).

https://twitter.com/thedailycanada/status/1430972633429037057

MИА

]]>

Најчитани вести