Пилот на параглајдер се заглавил во крошни на дрвја, интервенирала Планинската спасувачка служба

Припадниците на Планинарската спасувачка служба од Нови Сад безбедно го спуштиле на земја пилотот на параглајдерот кој бил заглавен на стеблата на Фрушка Гора, соопшти денеска службата.

Спасувачите од Планинската служба добиле повик од пилотот на параглајдерот кој останал заглавен и за неполн час биле на локацијата, а безбедно да го приземјат им биле потребни 35 минути, се наведува во соопштението.

Техничкото спасување се користи за пристап и транспорт на лица од непристапни терени. Освен за многу експонирани падини, се користи и во вертикални услови, како што се карпи, јами, кањони или како во овој случај – крошни на дрвја, соопшти Планинарската служба.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести