Семејство од Скопје бара дадилка за девојче. Според огласот кој го објавиле на Пазар 3 нивните критериуми за дадилката се многу високи. Тие бараат жената да има високо образование, одлично да зборува литературен македонски јазик но и да знае странски јазици, да е одговорна, дискретна и позитивна личност, а за возврат нудат дневница од 600-800 денари
Еве што конкретно ова семејство бара од кандидатите:
Возраст над 23 год
Завршено високо образование или апсолвент
Одговорна, дискретна, динамична и позитивна личност
Без било какво криминално минато
Искуство во грижа, воспитување и подучување на деца
Писменост за учење и применување на соодветни знаења, методи и техники за градење на детска личност од најрана до предучилишна возраст
Одлично познавање и говорење на литературен македонски јазик
Одлично филолошко познавање на основите на странски јазици
Способност за извршување на сите дејности во домаќинството сврзани со гледање на деца од најрана до предучилишна возраст
Креативност, грижливост и внимателност во работата
Беспрекорна лична хигиена
Возачка дозвола и возачко искуство
Опис на работата:
Грижа за потполно здраво девојче на 1 г. и 7 месеца
Нов дом во Горно Соње со двор
Приготвување на храна и хранење
Одржување на хигиена за детето и поставување на принципи и воспитување за пазење на личната хигиена на детото
Поставување и исполнување на програма за развивање на определени умствени и физички способности кај детето
Комплетно средување на облека, играчки, помошен мебел, прибори, материјали и друго сврзано со детето
Работно време 3 – 5 дена седмично, дневница 600-800 ден.
Огласот може да го погледнете на следниов линк.


