Погледнете: Шпанската полиција тепа жени за време на протестите против законот за абортус

На интернет се појави видео снимка на која се гледа како шпанската полиција буквално претепува група на жени за време на демонстрациите против нацрт-законот за абортус.

Жените протестираа поради нацрт-законот, кој го негира правото на абортус, освен во случаи на силување и кога во прашање е здравјето на мајката.

Според сегашните шпански закони, жените можат да абортираат без ограничувања до 14 недели од бременоста.

Извори од шпанската полиција за локалните медиуми изјавија дека три лица се уапсени по овие протести и обвинети за граѓанска непослушност, се спротиставувале на апсењата и нападнале полициски службеник.

Ова видео предизвика серија на остри реакции на социјалните мрежи, каде што членовите на безбедносните служби се обвинети за „полициска бруталност, тактики на заплашување и  одмазда.“

На протестот, кој помина речиси како мирен, присуствуваа околу 500 луѓе, претежно жени.

Демонстрантите го повикаа министерот за правда Алберто Руиз – Галардон да си поднесе оставка и побараа повлекување на контроверзниот закон.

Нацртот се уште не е одобрен од страна на парламентот, но ја има поддршката на владејачката партија која го има мнозинството народни избраници.

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести