Кратко по објавувањето на информацијата дека преговорите меѓу украинската и руската делегација завршиле, а пренесе руската агенција Интерфакс, се појави нова информација дека делегациите се уште се таму и преговараат.
Телевизискиот канал „Русија24“ објави дека преговорите во Белорусија продолжуваат.
„Се појави информација дека преговорите наводно завршиле. Меѓутоа, ние, луѓето што сме сега тука, не знаеме ништо за тоа. Преговорите сè уште траат“, јави дописникот на телевизијата.
Ураина бара прекин на огнот и повлекување на руските воени сили од целата украинска територија, вклучително и Крим и Донбас, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
-Нашиот став е повеќе или помалку јасен, нема предуслови и ултиматуми – изјави Арестович.
Десетици цивили загинаа, а стотици беа повредени при силно руско гранатирање на градот Харков за време на преговорите, соопштија украинските власти.