Преку „Јавна соба“ се нудела и дрога

Откако се откри скандалот со групата „Јавна соба“ и таа се затвори, читатели до Бриф.мк реагираа дека групата е повторно отворена. Дали станува збор за истата група, или нова група со истото име не се знае, но она на што реагираа нашите читатели е дека преку неа се продава или во најмала рака се нуди дрога.

Извесен профил на корисник на „Телеграм“ мобилната апликација именуван како „Blanco Zemo” нуди „трава” „Tryasol” и „Ketamin” со достава до градовите Кочани и Виница.

OД МВР денеска повикуваа секој граѓанин што е жртва на злоупотреба од страна на членовите во оваа група да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството ќе преземе соодветни мерки.

– Ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај, наведуваат од МВР.

„Јавна соба“ повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни.

Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести