Утрово околу 5 часот е фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ, а дежурниот јавен обвинител пристигнал на местото на настанот и заедно со полицијата ги утврдува сите околности на овој инцидент. За среќа, нема повредени, мотивот за нападот е непознат, а е причинета значителна материјална штета.
Здравко Чолиќ се огласи во оваа пригода, откривајќи дека не бил дома во времето на инцидентот.
„Моментално сум надвор од земјата. Јас сум во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, фала му на Бога што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во медиумските текстови се протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите. Верувам дека е важно информациите да бидат презентирани одговорно и засновани на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, рече пејачот.
Прекрасната вила се наоѓа во елитен дел од Белград, а белата зграда е опкружена со високи ѕидови.
Куќата има големи капии и високи безбедносни мерки, а полицијата и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград моментално се стационирани пред вилата. Вилата има и базен.
Извор: pulsonline.rs


