Вчера околу 10.35 часот во ЕИК Скопје, С.А. пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ”, во близина на чајџилница, биле физички нападнати со неговиот брат А.А. од страна на неколку непознати лица.
Непознатите лица во еден момент пукале од огнено оружје кон неговиот брат кој бил во автомобил, по што го напуштиле местото на настанот и побегнале во непознат правец.
Полициски службеници, велат од полицијата, излегле на местото на настанот при што било констатирано дека непознато лице кое управувало автомобил фолксваген пасат, со скопски регистарски ознаки, излегло од возилото и се доближило до автомобилот фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, по што почнало да пука со пиштол кон возилото во кое бил А.А., кој се здобил со прострелна рана во пределот на левото рамо.
Лицата кои биле во автомобилот голф возвратиле на пукањето.
На местото биле пронајдени чаури, кои се обезбедени. Исто така, автомобилот голф е пронајден, додека автомобилот фолксваген пасат, се уште не е пронајдено.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.


