Пукотници пред Министерство за здравство, Тодоров требаше да ја предаде функцијата

Во моментот пред министерството за здравство имало пукатници, неофицијално дознава „Фокус“.

Според информациите испукани се пет истрели.

Порталот Плусинфо известува дека човек лежи на скалите пред влезот на зградата, има амбулантни возила, а полицијата не дозволува на новинарите да се приближат до местото.

Неофицијално се шират информации дека е пукано врз досегашниот министер за здравство, Никола Тодоров. Осомничениот за пукањето е приведен, дознава неофицијално Плусинфо.

Во 12 и 30, Никола Тодоров требаше да го изврши примопредвањето на министерската функција.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести