САД не планираат да ги повлечат обвиненијата против Сноуден

Белата куќа и комисиите за разузнавање во Конгресот на САД не ја разгледуваат можноста за олеснување или повлекување на обвиненијата против поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, соопшти претставник на американската Администрација.

Ваквата изјава претставува реакција на писмото на Сноуден, испратено во петокот до германските власти, во кое тој се согласува да сведочи во истрагата за скандалот со американското прислушување на мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел и побара да биде сослушан и во Конгресот на САД.

Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си советникот во Белата куќа, Дан Фајфер категорично ја отфрли можноста Сноуден да се врати во САД и да не биде изведен пред суд. 

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести