Се „крадат“ ли гласови, што ако резултатите повторно не им се „допаднат“ на хакерите

Првичните резилултати од вчерашните парламентарни избори се уште не се објавени од страна на Државната изборна комисија, ниту неофицијално, ниту официјално. ДИК излезе со проекција на можните листи на пратеници, но потоа наводно се појавија многу грешки, па конечниот исход го остави за попладнево.

Ноќеска страницата на ДИК била цел на хакерски напад за што било известено и МВР и Секторот за комјутерски криминал.

На чело на МВР е техничкиот министер Наќе Чулев, кој е назначен на функцијата на предлог на ВМРО ДПМНЕ, а претседателот на ДИК, Оливер Дерковски исто така е назначен по предлог на ВМРО ДПМНЕ. Сепак лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прва постизборна прес конференција обвини за манипулации на изборите. Тој се уште не го признал поразот на партијата, иако доцна синоќа претседателот на СДСМ, Зоран Заев прогласи победа и водство од 3 мандати, според пресметките на СДСМ.

Граѓанската организација МОСТ, која ги следеше изборите, ја откажа нивната прес конференција за актуелните избори со образложение дека ќе чекаат ДИК да излезе со информации.

Синоќа беше нападнат и агрегаторот за вести „Тime.mk“, а неговиот сопствник Игор Трајковски, во Твит на социјалната мрежа Твитер, рече дека „за ова некој платил многу пари“.

Групата што стои зад нападот се потпишала со името „Анонопсмкд“, наводно не се политички определени иако на сликата го има „сонцето од Виргина“. Тие го обвинија народот и го нарекоа дека е „паразит“ што оди на гласање.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести