Потребно е: пакување готови кори
400 г младо сирење
4 лажици кајмак
5 јајца
2 лажици маст
1 чаша млеко
половина лажичка сол
малку масло
една жолчка
Подготовка: Загрејте ја рерната на 250 степени. Во сад измешајте ги јајцата, павлаката, издробеното сирење, маст, млеко и сол. Поставете ја хартијата за печење во плех, а потоа наизменично наредете ги корите па подготвената смеса. Премачкајте ја горната кора со изматена жолчка. Печете околу еден час во рерна загреана на 250 степени. Покријте ја тавата со влажна крпа.


