Шикорски: Советот за безбедност на ООН ќе расправа за руските дронови во Полска

 Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи вонредна седница на барање на Полска, на која ќе се дискутира за нарушувањето на нејзиниот воздушен простор, соопшти денеска полското Министерство за надворешни работи.

Министерството наведе дека иницијативата следи по навлегување на дронови во полскиот воздушен простор, кои беа соборени од полските сили и сојузниците од НАТО.

„Го свртуваме вниманието на светот кон рускиот напад без преседан, извршен со дронови врз членка на ООН, ЕУ и НАТО“, изјави шефот на дипломатијата Радослав Шикорски.

Москва ги негира обвинувањата и тврди дека дроновите дошле од Украина. Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека извршило масовна операција против воени цели во западна Украина, без намера да погоди цели во Полска.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести