Што се случува кога домаќинката протестира?!

Што ќе се случи во домот, ако домаќинката престане да ги извршува работите што секојдневно ги прави. „MissPotkin“ на Твитер објави дека пред два дена престанала со миење садови, перење алишта… и за жал, резултатите не ја воодушевиле.

„Пред два дена, решив да престанам да мијам садови. Ги подготвувам сите вечери и доста ми е од чистење. Оттогаш, се појави овој куп и се ближи моментот кога ќе снема чисти лажици, вилушки и чинии“, напиша таа во својот пост, објавувајќи фотографија од насобраните валкани садови.

За време на третиот ден од штрајкот, таа откри дека семејството ги користело последните чисти чинии и прибор за јадење, но никој не кажал збор и не помислил да ги измие садовите.

Сепак, подоцна во истиот ден ја постигна својата прва победа – некој го исфрлил ѓубрето. За жал, напредокот траел кратко, бидејќи нејзиниот партнер подоцна си направил чај со помош на бебешка лажица.

Таа престанала да ја пере и облекаа, па го покажа и купот валкани алишта.

-Последната ролна тоалетна хартија е искористена синоќа во 19:04 часот. Сè уште не е заменета, напиша таа во друг пост.

Иако ѝ се чинело дека нема надеж и ќе мора да се откаже од штрајкот, се случило чудо. Член на нејзиното семејство по четири дена сфатил дека навистина е тешко да се мијат садовите секој ден и почнал да ги става во машината за перење садови, но и да ја чисти кујната.

https://twitter.com/MissPotkin/status/1372311382406889474
]]>

Најчитани вести