Што се случува на Евзони? Грција со потегот го изненади цел Балкан-на граничниот премин ќе се случи голема промена

Грција официјално најави модернизација на граничниот премин Евзони, што треба да го олесни и забрза влезот на туристи, меѓу кои и голем број патници од Србија. Според најавите на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА), работите ќе се одвиваат во две фази, а целта е драстично да се скрати времето на чекање на граничните контроли, пишува Србијаданас.

Засилување на услугите веќе ова лето

Според информациите од Грција, веќе летово ќе се зголеми бројот на гранични службеници, што би требало значително да ги забрза пасошите и царинските контроли во Евзони. Ваквата одлука е донесена на проширен состанок, на кој присуствувале заменик министерот за внатрешни работи за регионот Македонија-Тракија, Константинос Гкулекас и секретарот на Децентрализираната управа на Македонија-Тракија, Јоанис Саввас.

Гкулекас посочи дека зајакнувањето на граничните служби веќе сега ќе ги намали гужвите, додека Саввас нагласи дека приоритет на грчката влада е забрзување на пасошките и царинските процедури.

Реконструкција на преминот Евзони до 2026 година

Покрај зголемените контроли, предвидена е и целосна реконструкција на зградата на граничниот премин Евзони, како и модернизација на придружната инфраструктура. Се очекува работите да завршат до 2026 година. Студијата за реконструкција е веќе проследена до надлежните министерства, а целта е преминот да биде поефикасен и побезбеден за туристите.

Податоците од средбата покажуваат дека само во 2024 година на преминот Евзони биле обработени околу пет милиони пасоши, додека во првите четири месеци од годинава преку овој граничен премин поминале повеќе од милион патници.

Најчитани вести