Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди денес јужна Грција, недалеку од Патра, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 17 километри.
Недалеку од епицентарот, на седум километри, се наоѓа Гастуни, со население од 8.100 жители, и многу попознатиот Патрас, кој има 168.000 жители и се наоѓа на околу 65 километри.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.


