Силен земјотрес беше регистриран во Западна Турција денес. Според LastQuake, земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот го погодил регионот во близина на Усак во Турција и Симав. Епицентарот бил регистриран на длабочина од 10 километри. Моментално нема извештаи за повредени или материјална штета.
„Се чувствуваше доста силно, бев исплашена“, „Се тресеше доста силно, мислевме дека ќе биде и посилно“, се само дел од коментарите на турските граѓани.


