Сменети началниците на полицијата и противпожарната служба на Грција

Промени на позициите началник на полицијата и на противпожарната служба одлучи владиниот Совет за национална безбедност на Грција со кој денеска заседаваше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Нов началник на полицијата е Димитрис Малиос, кој досега беше шеф на секторот за странци и заштита на границите, додека пак во противпожарната служба доаѓа Теодорос Вајас.

Во четвртокот, исто така на состанокот на владиниот Совет за национална безбедност беше избран нов началник на Генералштабот на грчката армија, со оглед на тоа што претходниот го заврши четиригодишниот мандат. 

МИА