Три непознати лица синоќа, во 21.30 часот, со безбол палки физички го нападнале Н.З., сопственик на угостителски објект во Скопско поле, соопшти полицијата. Разбојниците нападнале и повеќе гости кои биле во локалот.
Ги удирале по главата и телото, при што се повредени Ш.М. (33), Н.Б. (38), К.М. (23), сите од Трубарево, Р.В. (34) од Кавадарци и А.Ј. (29) од Скопје. Никој од повредените досега не побарал лекарска помош.


