Со идентификациски број – пристап до работа во три земји!

Без никакви административни бариери граѓани на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да бараат работа и да се вработат во некоја од трите земји, со помош на идентификациски броеви што се предвидени со иницијативата „Отворен Балкан“.

Ваквиот слободен пристап до пазарот на трудот во земјите на „Отворен Балкан“ ќе биде овозможен со договорите што кон крајот на декември во Тирана ги потпишаа Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев за слободен пристап до пазарот на труд, односно за единствена работна дозвола за сите три земји.

Според оптимистички прогнози, првите идентификациски броеви се очекува да бидат издадени на крајот на мај или почетокот на јуни, што би значело дека уште ова лето може да има голема флуктуација на работна сила во трите земји.

Од домашните надлежни институции потврдуваат дека се работи на усогласување на техничките детали за оваа постапка. Како ќе изгледа таа повеќе информации даде советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија, Ненад Ѓурѓевиќ во гостување на РТС.

Извор: ДВ

]]>

Најнови вести

Најново од Балкан, Ударни вести

Најчитани вести