Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне нестабилно во планинските предели

Денес не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 10 до 17, а дневните од 24 до 32 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Се најавува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови.

УХМР

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести