Српскиот претседател продолжува со консултациите со политичките партии

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги продолжува  консултациите со претставниците на партиите – денеска ќе има разговори со Руската партија, со Единствена Србија и со Зелената партија на Србија. Темите на консултациите се вонредните парламентарни избори и постапките на Србија во сложени меѓународни околности на безбедносниот и енергетски план.

Тој во изминатата недела имаше консултации со претставници на Движењето на социјалистите, Сојузот на војводинските Унгарци, Партијата за правда и помирување, Српската напредна странка, Социјалистичката партија на Србија, Социјалдемократската партија на Србија, Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина и Партијата на обединетите пензионери на Србија.

Повеќето од опозициските парламентарни партии одбија да учествуваат во консултациите.

Вучиќ синоќа повтори дека парламентарните избори ќе се одржат оваа година, наведувајќи како можност – до 10 јули, или од септември до крајот на годината.
„И надлежната релевантна институција ќе донесе одлука за ова во согласност со интересите на граѓаните“, рече тој. 

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести