Стоп за лагите на Трипуновски: Оризот е стратешка култура на предлог на Владата и МЗШВ

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски реагира на изјавата на дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поднела предлог законот за оризот да биде стратешка култура, а не СДСМ. Тоа е невистина која лесно се докажува – вели тој.

-Му благодарам на дополнителниот заменик Трипуновски за промоција и поддршка на нашите активности. Оризот, го вградивме во листата на статешки важни култури за државата со што исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Измените во Законот за стокови резерви овозможуваат оризот, да биде опфатен како производ од исклучително значење за населението и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа. Измената на законот следува како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата -потсети министерот Љупчо Николовски.

Министерот Николовски нагласи дека ваквиот предлог произлегува од Националниот план за производство на храна, значаен документ што министерството за земјоделство го подготви уште во 2022 година, но и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Измените во Законот за стокови резерви се веќе донесени од страна на Собранието, после скоро една година, неразбирлива блокада во Собранието.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести