Студентите и матурантите од Чачак повикуваат на генерален штрајк на 20 мај во овој град

Студентите на Техничкиот факултет во Чачак и матурантите денеска ги повикаа сите институции и вработени во овој град да излезат на генерален штрајк на 20 мај, како поддршка на студентскиот протест што тој ден се одржува во Чачак.

„Време е да застанеме еден до друг и да покажеме решителност и солидарност како град. Веруваме дека вашиот став ќе биде на страната на вистината и достоинството“, се вели во соопштението на учениците и матурантите од Гимназијата во Чачак.

По повеќемесечна блокада на наставата на факултетот и во четвртите одделенија на гимназијата Чачак, учениците и матурантите повикаа на голем протест на 20 мај, под слоганот „Последен воз за Чачак“, каде се очекува да присуствуваат и ученици од другите градови.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести