Студентите во блокада во Србија им се придружуваат на матурантите на протестот закажан за 1 септември

Студентите во блокада на факултетите во Србија потврдија на својот официјален профил на социјалните мрежи дека на 1 септември ќе им се придружат на средношколците во големиот протест што го најавија пред неколку дена.

Средношколците во блокада од градови низ Србија најавија најава за протест за 1 септември „Средношколците се сеќаваат – сите сме под настрешница“.

Српски медиуми јавија дека на првиот ден од учебната година, со поддршка на родителите, дел од наставниците, но и учениците во блокада, матурантите ќе одржат комеморативна прошетка по повод 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, а во некои училишта побараа од директорот тој ден да биде ненаставен, односно неработен за сите, освен за прием на нови ученици – првачињата.

Учениците во блокада денеска го потврдија своето учество во тој протест на средношколците.

„Нема да заборавиме. Ќе се видиме под настрешницата“, напишаа студентите во блокада во објава на Инстаграм.

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести