Свештеник апелира: Ова никако не го правете за Задушница

Сабота, 22 февруари, е зимска Задушница, денот кога луѓето одат на гробишта, каде заедно со вино и жито, се палат свеќи и темјан за покојните, за кои секојдневно се молат.

За нив се поврзуваат бројни обичаи, а народот се труди да ги испочитува најправилно, за да покаже почит кон своите најмили кои починале, и кои секогаш живеат меѓу нас.

Свештеникот Предраг Петровиќ  ги потсетуа верниците за овој значаен ден и за обичаите што се за Задушница.

Граѓаните кои не се во можност да ги посетат гробовите на починатите на Задушница можат да запалат свеќа во црквата.

-Многу битна работа е да не палите цигара таму на гробот, туку да запалите кандило. Ако немате кандило, побарајте на гробишта, некој покрај вас сигурно ќе има, позајмете – вели свештеникот и додава:

– Луѓето често ме прашуваат: „Оче, дозволено ли ми е така да разговарам со покојникот, да му кажам? Зошто да не. Ние не веруваме во вечна смрт, туку веруваме во воскресение и нема ништо лошо да кажеме, ете што има ново да се раскаже итн.

Погрижете се за местото каде почиваат вашите мили, исчистете малку таму, наводнете ги цвеќињата ако ги има, но немојте да носете пластични свеќи и венци, пишува Ало.рс.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести