Тони Бијелиќ и Драгана Мирковиќ сеуште официјално не се разведени, а тој веќе има и девојка

Во домашните медиуми одекна веста дека Тони Бијелиќ, поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ, си нашол нова девојка.

Сепак, според медиуми, Тони Бијелиќ наводно се уште не е официјално разведен од Драгана.

Како што понатаму наведуваат медиумите, процесот се уште трае, а најкомплицирана работа е имотот проценет во милиони, кој заедно го стекнале за време на бракот.

Драгана остана да живее во замокот во Виена, додека Тони Бијелиќ се исели и го продолжи својот живот како самец во вилата што ја купи во Опатија, на хрватското приморје.

Тони моментално престојува во Романија, од каде што се огласи денеска и каде ја запознал својата нова избраничка, 45-годишна милионерка по потекло од Италија, пишуваат локалните медиуми.

Тони Бијелиќ ужива со многу богата жена, а љубовта се случила сосема спонтано во Романија, каде се запознале.

-Многу е богата, поточно милионерка. Љубовта се родила сосема непланирано, веднаш при нивната прва средба во Романија. Тие се запознале преку заеднички пријатели. Сега уживаат, далеку од очите на јавноста – вели извор за домашните медиуми

Иако раскинувањето на односот меѓу Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се случил во 2021 година, Тони, како што нашироко се пишуваше, на Драгана и испратил букет цвеќе со посебна порака за време на снимањето на нивната телевизиска програма околу новогодишните празници во 2022 година.

– Те сакам како првиот ден – пишувало во пораката која Драгана ја искоментирала пред сите:

– О, од Тони! А од кој друг… Само тој, никој друг! Како првиот ден, вели… Добро… Полн е со изненадувања, дефинитивно, ова не го очекував.

Драгана Мирковиќ е горда на тоа што нивните наследници се поврзани со неа.

– Моите деца не се оптоварени со моето име. Децата се приврзани првенствено за мене, јас љубоморно го чувам тоа. Тие се мојот најголем успех – изјави неодамна пејачката за наследниците.

– Среќна сум што ги имам такви какви што се, што мислат правилно! Никогаш немав никаков проблем со нив – изјавила Драгана за хрватски „24сата“.

Најчитани вести