Четири лица загинаа откако ученик во осмо одделение отвори оган во училиште во турската покраината Кахраманмараш. Помеѓу загинатите се еден наставник и тројца ученици, како и самиот напаѓач.
Според гувернерот на покраината Кахраманмараш, Мукарем Унлуер загинал и ученикот напаѓач, но без да наведе детали.
Тој пристигнал на училиште со пет парчиња оружје, а мотивот за нападот сè уште не е познат.
Напаѓачот оружјето го земал од неговиот татко, кој е пензиониран полицаец
Инцидентот се случува еден ден по пукање во средно училиште во југоисточниот град Шанлиурфа, недалеку од Кахраманмараш, при што беа повредени 16 лица, од кои 10 ученици.
МИА


