Уште една земја му забрани влез на Вучиќ: Авионот со српскиот претседател не може да стигне до Москва

По Литванија, летот на српскиот претседател Александар Вучиќ на пат за Москва во Руската Федерација го забрани и Летонија, дознава „Новости“. Авионот во кој се наоѓа претседателот на Србија нема да може да помине низ Летонија поради „политичката чувствителност на целта на летот“.

Литванија му забрани на Вучиќ да лета „поради техничка и дипломатска чувствителност“. Да потсетиме, и на премиерот на Словачка, Роберт Фиц, му беше забрането да лета над Полска и Литванија на пат за Русија бидејќи во петок, на 9 мај, се навршуваат 80 години од победата над фашизмот на Црвениот плоштад во Москва.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести