Веќе три лица хоспитализирани поради каснување од поскок, убил и крава: Драма кај Сплит

Во последните месец и половина три лица се хоспитализирани поради каснување од поскок во КБЦ Сплит. Како што неофицијално дознава Слободна Далмација, поскок пред околу еден месец усмртил и крава тешка повеќе од половина тон.

Сопственикот ја нашол кравата мртва и откако повикал да се увиди за што се работи, констатирано е дека кравата угинала од каснување од поскок.

Исто така, покрај три лица кои се хоспитализирани, поради каснување едно лице е амбулантско  лекувано.

Освен тие тројца, на инфективната клиника помош побарал уште еден маж, кој вршел градежни работи низ куќата и исто така бил каснат од поскок, но немало потреба од негова хоспитализација.

Сите добиле серум против каснување од змија и друга асистирана терапија“, изјави д-р Драган Ледина.

На почетокот на март се будат поскоците, многу опасни отровни змии, а сите овие случаи годинава се случиле од 15 март годинава.

„Нив ги оживува мартовското сонце, а потоа излегуваат од нивните скривалишта. Лицето каснато од поскок треба да стигне во болница во рок од еден час за да добие помош, односно потребната терапија и најдобро би било да мирува со „гризнатиот“ екстремитет. Се разбира, пред да пристигнете во болница, неопходно е да го контактирате најблискиот оддел за итни случаи, вели професор д-р. Драган Ледина.

А дека поскоците се опасност која демне насекаде и може да се најдат на места каде што најмалку очекувате, особено надвор од урбаните средини, најдобро говори случајот со еден Далматинец.

По потекло бил од мал град во далматинскиот дел и таму изградил и уредил мал имот. Одвреме-навреме тој одел со семејството на својот имот за да ужива во селскиот живот и мир. И така билопред неколку дена. Меѓутоа, таму го дочекало непријатно изненадување во вид на поскок долг околу 80 сантиметри, кој влегол во куќата. Тоа било или поскокот или тие. Борбата, односно потерата по поскокот околу куќата била макотрпна и долготрајна, бидејќи поскокот „лудувал“ низ куќата, но на крај избегал надвор, пишува Слободна Далмација.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести