(ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

Албанскиот премиер Еди Рама на Самитот на лидерите на Европската политичка заедница што се одржува во Копенхаген, во друштво на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и францускиот претседател Емануел Макрон се потсмеваше со гафовите на Трамп кој во неколку јавни настапи рече дека го завршил воениот конфликт помеѓу Азербејџан и Албанија, која ја помеша со Ерменија.

Треба да ни честитате мене и на Илхам Алиев. Трамп го заврши конфликтот меѓу нас,“ му вели Рама на Макрон во друштво со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев пред почетокот на формалната програма на Самитот на лидерите на Европската политичка заедница во Копенхаген.

Освен тоа што Трамп во неколку наврати тврдеше дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија, кој, според него траел 22 години, тој исто така изнесе слично тврдење, во кое Азербејџан го нарече „Абербајџан“.

извор: Frontline.mk

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести