(ВИДЕО) Евровизија 2020: VICTORIA ќе ја претставува Бугарија во Ротердам

Бугарија го потврди своето враќање на големата евровизиска сцена во Октомври, по една година отсуство од натпреварувањето. Последните неколку учества во натпреварувањето ја прават Бугарија сериозен конкурент за победа. Остварувајќи големи успеси и постигнувајќи го 4тото место во 2016, 2рото во 2017 и 14тото во 2018. Иако Бугарија не учествуваше на овогодинешното евровизиско издание во Тел Авив, Израел 700.000 гледачи (околу 10% од популацијата) будно го следеа преносот на големото финале во живо. Патот до Ротердам 2020 VICTORIA се здоби со популарност преку нејзинот учество во четвротот издание на бугарскиот X Factor. Нејзиниот прв сингл “I Wanna Know” има стотици илјади прегледи на YouTube и Spotify. Промоцијата на видео записот за “I Wanna Know” се одржи во Софија и Мадрид. Нејзиниот прв соло албум се очекува да биде издаден во 2020 година, после нејзиното учество на Евровизија. ]]>

Најнови вести

Најново од Магазин

Најчитани вести