Победничката на изборот за Мис на Шри Ланка останала без својата круна откако поранешната носителка на та таа титула ѝ ја зела круната и ѝ ја дала на првата придружничка. На сцената избила и тепачка за круната при што на најубавата жена ѝ била повредена и главата, а сето тоа било пренесувано во живо на националната телевизија.
Пушпика Де Силва била прогласена за најубава жена во Шри Ланка, а откако неколку секунди уживала во победата, победничката на Мис 2019 година ѝ ја зела круната од глава, тврдејќи дека титулата не може да ѝ биде доделена затоа што била разведена.
Правилата за избор се дека натпреварувачите мора да бидат во брак и не смеат да бидат разведени.
Таа ѝ ја стави круната на глава на првата придружничка, притоа прогласувајќи ја за најубава жена, а Де Силва со солзи во очите ја напушти сцената.