(ВИДЕО) Министерот Филипче се обидел да го реанимира човекот, кој денеска за жал починал на плажа во Охрид

Министерот за здравство Венко Филипче се обидел да го спаси човек кој попладнево починал во Охридксото езеро. Немилиот настан се случил на плажата Метропол. За жал, било предоцна за реанимација и, и покрај обидите, човекот не можел да се спаси, објави „Њуз1.мк“.

На снимката се гледа како министерот трча пред обезбедувањето и оди да му помогне на ковекот, кој бил на 200 метри од местото на отворање на Европскиот маратон каде што бил Филипче. Тој се обидел да го реанимира човекот кој имал 70-тина години, но не успеал да го спаси.

https://youtu.be/hNgL5RQ49qU
]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести