(ВИДЕО) Сè уште е актуелна: И германските бутици започнаа да ја продаваат оти потрошувачите ја бараат

За време на борбата со коронавирусот, некои производи чија побарувачка никогаш не беше ставена во прв план, станаа барани преку ноќ, без никој ни да претпостави дека тоа ќе биде производ што ќе ја обележи годината на пандемијата. Продавницата за гардероба, Блум-Јант, во Германија, започна со продажба на тоалетна хартија и други најбарани предмети во последната година во борбата за својот опстанок. И покрај мерките што ги презеде германската влада, со цел да се потисне пандемијата на коронавирусот, многу бизниси започнаа да тонат, но не и оваа продавница.

Сопственикот на бутикот Марсел Јант зборуваше за промените во неговата модна куќа Блум-Јант, откако нивната продавница повторно беше отворена како „продавница за тоалетна хартија“.

-Како продавач, секогаш се обидувате да ги оптимизирате вашите производи на економичен начин, затоа направивме анализа на пазарот и откривме дека главниот производ што се користи за време на пандемијата во Германија е тоалетна хартија – објасни Јант и додаде:

-Како продавница за облека, моравме да затвориме и единствениот начин да продолжиме со бизнисот беше да го реорганизираме асортиманот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=UeT9uVFvyi4&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести