(ВИДЕО) Шерон Стоун вели дека Роберт Де Ниро се бакнува најдобро од сите во професијата

Актерката Шерон Стоун, гостувајќи во емисијата „Енди Коен лајв“, сподели приказна за најдобриот бакнеж во својата актерска кариера, пренесува „Хафпост“. Стоун се присети на сцена со Роберт Де Ниро од криминалистичкиот класик на Мартин Скорсезе „Казино“.

„О, Боже. Тој најдобро се бакнува во оваа професија. Силно ме бакна“, изјави таа.

Зборувајќи за сцената што му претходела на бакнежот, Стоун објасни дека нејзиниот лик требало да оди во тоалет, а бидејќи станува збор за измамничка, го натерала ликот на Де Ниро да ѝ даде пари. Тој првично извадил 50 долари.

„Го погледнав како да му кажувам дека тоа е малку повеќе од 50 долари за тоалет. Тој ме погледна, ја подаде раката и ми даде околу 100 долари, по што се наведнав и го бакнав. По бакнежот, режисерот нѐ праша дали би ја повториле сцената, а јас се согласив. Ни требаше уште еден бакнеж“, раскажа таа.

Извор – Слободен печат

Најчитани вести