(ВИДЕО) Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор, градиме по европски стандарди, ја градиме Европа

„Градиме рамномерно насекаде и во градските и во руралните средини, со што градиме Македонија за сите. Ја чистиме калта што ја остави режимот кој градеше со мермер во своите бели дворци, а за потребите на граѓаните употребуваше стиропор“, изјави денеска во „Ѓорче Петров“, Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ и носител во ИЕ 2.

Тој рече дека СДСМ гради рамномерно и по квалитетни европски стандарди.

„И тоа е логично, затоа што тие меѓународно ја изолираа земјата да крадат, а ние ги обновивме партнерствата со меѓународната заедница, станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ и во нашата држава да ја градиме Европа – дома. Во нашата држава го враќаме достоинството на граѓаните со модерна инфраструктура“, рече Спасовски.

„Овде во Ѓорче Петров немаше фекална канализација во Волково, Стопански Двор и Кисела Јабукa – ја поставивме. Вложени се 15 милиони 826 илјади денари. Се гради водоводна мрежа во руралниот дел на Никиштани. Изградивме водоводна мрежа во Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука. Во тек се 4 проекти: изградба на атмосферска канализација за ул.Радушка-Општина Ѓорче Петров, завршување на фекалната канализација и приклучоци на сите куќи во Волково, фекална канализација во Орман и пречистителна станица, за што е веќе готова проектната документација. Работиме на регулација на атмосферската и на фекалната канализација во Хром, на канализација и асфалтирање преку пругата Дексион. Ние почитувани граѓани поврзуваме“, истакна Спасовски и додаде дека тие ги поврзуваат селата со градовите, со соседите и регионот, градат автопати и отворат гранични премини.

„Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 километри водоводи и канализации. Обнова на режимот е опасност и не ни е потребна. Веќе три години ја обновуваме државата што регионот веќе ја препознава како европски пример. За да продолжиме да градиме сигурна иднина, заедно, на 15 јули избираме број три, бидејќи можеме и повеќе и подобро“, заклучи Спасовски.

https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/202300381082709/
]]>

Најчитани вести