(ВИДЕО)Камион влетал во цвеќара, има повредени: „Видов како доаѓа се обидов да се сокријам…“

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17:30 часот во Бијело Поље, специјално возило за отстранување смет удрило во цвеќара при што четири лица се повредени.

Според информациите од Општата болница во Бијело Поље, повредените во моментов се на дијагностичко лекување, додека кај дел од нив се врши хируршко згрижување.

Како што е потврдено, во камионот биле три лица кои се здобиле со телесни повреди. Повреден е и сопственикот на цвеќарницата, кој во моментот на ударот бил внатре во објектот.

„Седев во цвеќарницата и видов дека камионот доаѓа директно кон нас. Се сокрив под масата, но камионот удри во зградата, ја проби внатрешноста и ме турна заедно со масата кон ѕидот“, изјавил сопственикот на цвеќарницата за локалните медиуми. Тој додал дека за среќа се спасил само со полесни повреди.

Очевидци на несреќата наведуваат дека камионот доаѓал од правец на Рибник кон Николјец, во близина на градските гробишта, кога со полна брзина удрил во цвеќарницата.

„Слушнавме силна експлозија и видовме облак од прашина. Отпрвин ништо не можевме да забележиме“, вели една жена од Бјелопоље која живее во близина, пишува српски Телеграф.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести