За тие агробизнисмени што ќе насеат 100 ха под сончоглед , субвенциите се по 10 632 ден. од хектар или вкупно 1.063 200 денари. Напомена, за да се добијат овие субвенции земјоделците мора да користат сертифициран семенски материјал и да имаат производство над 1 500 кг од хектар. На овој начин се гарантира дека субвенциите ќе имаат развојна компонента, а не да се мисли дека ќе се насее и ќе се земат субвенции. Откупот ви е гарантиран со склучување на договор со откупувачот, а цената ќе биде пазарна, но со примената на сите потребни агротехнички мерки и се надевам поволни климатски услови, ќе добиете добар принос со кој ќе имате исплатливо производство. Да напоменам уште тоа дека активноста на работната група за сончоглед, како и Асоцијацијата на производители на сончоглед заедно со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, ќе го следиме целиот процес од сеење до откуп на родот и при тоа ќе ви се даваат потребните информации за навремена заштита, прихрана, ѓубрење…се со цел да добите добар и квалитетен род и да ги оправдате субвенциите а и да заработите. Фејсбукс статус на Ленче Николовска- посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ ]]>


