Непознато лице со употреба на сила и подесен алат синоќа во Штип го скршило стаклото од влезната врата од куќата сопственост на 77-годишниот С.М. и 74-годишната П.М., влегол внатре и ставил черга врз главата со која го прекрил лицето.
Потоа се упатил во собата каде што спиеле и бидејќи тие слушнале тропање и кршење на стакло, станале од креветот, а тој им побарал пари. П.М. се упатила кон него и успеала да му ја тргне чергата од главата и го препознала сторителот, дека е нејзиниот внук, 31-годишниот К.С. од Штип.
Во тој момент внукот со рака ја удрилбабата по глава од што паднала на подот, а тој продолжил да бара пари. Откако жената успеала да стане и се упатила кон кујната, за да земе некој предмет со кој би се одбранила, внукот ја престигнал и уште еднаш ја удрил со рака во пределот на главата, по што побегнал без да успее да им земе пари или друг вреден предмет.


