Во крвта на еден Амерканец нашле нешто што може да го спаси човештвото од коронавирусот

Менаџерот за комуникации од Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфекс, Вирџинија, 54-годишниот Јохан Холис во јули сфатил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чија крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се заразат.

Тој бил многу изненаден кога дознал дека го победил ковидот, без да знае дека опасниот вирус влегол во неговиот организам.

– Крвта на Холис е полна со таканаречени супер-антитела кои го неутрализираат ковидот, дури и кога крвта е разредена 10.000 пати, изјави патологот од универзитетот Џорџ Мејсон, Ленс Лиота, пренесе Ен-Би-Си.

-Се чини дека Холис не може да го допре корона вирусот, рече Лиота.

Се работи за медицински феномен што може да се најде кај помалку од пет проценти од популацијата кои биле во контакт со ковид, покажала студијата, според која крвта на Холис многу важна во потрагата по лек за оваа болест.

]]>

Најчитани вести