Во вода, никако: Пред готвење, најдобро е гравот да се потопи во оваа намирница

Гравот е меѓу наомилените јадења кај нас, а секој има свој мал трик што го олеснува подготвувањето на познатиот војнички грав.

Мешунките, јаткастите плодови, житарките и семките се здрава храна, но можат да бидат многу штетни за организмот поради фитинската киселина.

Оваа киселина врзува важни елементи како што се бакар, магнезиум, јод, железо и цинк. Како резултат на тоа, тие се излачуваат од телото предвреме, односно пред да донесат каква било корист за нашиот организам.

Кои намирници се богати со фитинска киселина?

Меѓу намирниците што содржат голема количина фитинска киселина, се издвојуваат овесот, оризот, пченицата, сите житарки, гравот, леќата, кикириките, грашокот и сојата. Исто така, проблематични се и некои од јаткастите плодови како лешници, бадеми и ореви. Голема количина фитинска киселина се наоѓа и во семките од сончоглед, афион, лен, тиква и сусам.

Како да се ослободите од фитинската киселина

Еден од начините е термичка обработка. Овој метод ја намалува содржината на фитинска киселина за 30-35 проценти. Најдобар ефект се постигнува со потопување на храната во вода. Единствениот недостаток на овој метод е што бара многу време, објавува Novi.ba.

На пример, кафеавиот ориз ќе мора да се остави во вода 12 часа, овесната каша 10-12 часа, белиот ориз девет часа, бисерниот јачмен шест часа… За подобри резултати, можете да додадете малку оцет или сок од лимон во водата.

Друг начин за да се помогне во неутрализирањето на фитинската киселина, е да се потопат „проблематичните“ намирници во сурутка. Исто така, при проникнување на грав и житарки, количината на фитинска киселина се намалува за околу половина. Комбинираната преработка на храна е најдобриот метод, ако истата храна прво се потопи, а потоа се готви или пече, најмногу фитинската киселина ќе се „исфрли“ од неа.

Најчитани вести