Маж вооружен со ловечка карабина, претпладнево влетал во објект на Националниот фонд за социјално осигурување на Грција (ЕФКА) во атинската населба Керамикос, при што пукал и ранил вработен во службата, јави дописничката на МИА од Атина.
Службеникот е повреден во пределот на нозете, полицајците му укажале прва помош и бил пренесен во болница.
Во тек е полициска акција во објектите на ЕФКА и поширокиот регион за пронаоѓање на сторителот.
Според неофицијалните информации, сторителот е 89-годишен маж кој собира старо железо и отпад.
МИА


