Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска во 16 часот и 43 минути ја погоди централна Турција.
Епицентарот на земјотресот бил во подрачјето со географски координати на географска ширина 40,8561 и географска должина 36,1554 според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот е регистриран на длабочина од околу 2,8 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени


