Катарина Радивојевиќ, познатата српска глумица, кај нас позната по ликот на Зоне Замфирова, победи на лотарија за американска зелена карта, што секоја година за имигрантите ја организира Владата на САД. Картата ќе и овозможи да живее и работи без проблеми во САД. Актерката се пријавила на лотарија во октомври 2013,а во мај 2014 година дозна дека нејзиниот број е извлечен. Околу 20.000 лица од Србија се пријавиле, 500 биле избрани, од кои околу 200 добиле зелена карта.
Инаку, Катарина четири години учествувале во оваа лотарија. На интервју во Амбасадата на САД била повикана на крајот на минатата година, а овој месец доби зелена карта. Според информациите од Амбасадата на САД, лотаријата е вистинска среќа, бидејќи буквално се извлекуваат броеви на пријавените. Најважниот услов е оформено средно образование, односно 12 години школување во континуитет или работно искуство во одредени професии. Потоа проверка дали барателот е осуден.
Интересно е тоа што пред 4 години сестрата на Катарина, Јасна, истотака била извлечена во лотаријата.


