На почетокот на февруари беше потврдено дека креаторот на Nutella Фран
ческо Ривела починал на 97-годишна возраст, а прашањата за брендот веднаш почнаа да се појавуваат. За сите оние кои се прашуваа за тајната на црната буква „Н“, Ривела го даде одговорот пред неговата смрт.
Одлуката била донесена за да се избегне проблем со заштитниот знак, пишуваат Startuptalky и Logos World, а пренесува 021.rs. Така се одлучиле за името Нутела, комбинација од англискиот збор „nut“ (лешник) и италијанскиот збор „ella“ (слатко), што одлично ја опишува содржината на теглата.

Меѓутоа, кога се обиделе да го заштитат името Нутела, како трговски знак наишле на проблем – во тоа време веќе постоел регистриран трговски знак со истото име и во целост со црвени букви.
За да избегнат правни пречки и да можат да го регистрираат своето лого, Ривела и Фереро одлучиле едноставно да ја променат бојата на првата буква од црвена во црна – и така настанал препознатливиот визуелен идентитет на Нутела.


