5 години бил во врска со принцезата Дијана, сите мислеле дека е татко на принцот Хари, а еве како изгледа

Џејмс Хјуит (62), професионален џокеј и поручник, ѝ бил љубовник на принцезата Дијана, нешто што и таа самата го призна во едно свое интервју во 1995 година. Тој бил убав и згоден војник кој го освоил срцето на принцезата, а нивната блискост била толку голема што тој дури им читал приказни за добра ноќ на нејзините синови.

Денес, Џејмс има 62 години, а папараците неодамна го фатиле како пазарува во британски „Екстер“. Тој води повлечен живот, далеку од „очите“ на јавноста и скандалот со кралското семејство, работи како градинар со годишна плата од четири илјади фунти и живее со неговата мајка Ширли, која има 92 години.

Фото: Инстаграм

Џејмс и Дијана биле во врска пет години, додека таа била мажена за принцот Чарлс, а долго време се шпекулираше дека тој му е татко на принцот Хари. Името на Џејмс Хјуит стана познато во 1991 година, кога поранешната свршеница на Џејмс откри дека тие двајца ја раскинуваат свршувачката затоа што тој имал афера со принцезата Дијана.

Врската помеѓу принцезата и Џејмс започнала во 1986 година откако тој бил ангажиран да ѝ дава приватни часови за јавање коњи. Неговите квалификации биле одлични, тој поминал 17 години во кралската коњаница и бил еден од командантите во Заливската војна. Го отпуштиле во 1994 година поради преписка со принцезата од Велс.

Фото: Инстаграм

„Да, го обожавав. Бев вљубена во него, но на крајот ме изневери”, изјавила Дијана во култното интервју со Мартин Башир. Џејмс објавил три книги за аферата со Дијана, па дури и учествувал во неколку реални шоуа. Во неколку наврати, тој исто така се обидел да ги продаде љубовните писма што му ги испратила принцезата, за што беше остро осуден од јавноста.

Во 2011 година изјавил дека во 90-тите години на минатиот век бил на работ да си го одземе животот, но го спасила мајка му.

Пред четири години имал мозочен и срцев удар, но се опоравил. Во последните години љубовта на својот живот ја бара преку „Тиндер“ и се надева на среќен крај.

]]>

Најчитани вести