На украинските војници во Крим им е одобрено да го употребуваат своето оружје, откако денеска беше изведен напад врз воена единица во Симферопољ, во кој беше убиен еден војник, соопшти украинското Министерство за одбрана.
– За да се заштити животот на нашите војници, на украинските воени единици во Крим им е одобрено да го употребат своето оружје, се посочува во соопштението на Министерството за одбрана.
]]>


